
Според првичните и неофицијални информации, Хајредини трагично починал по пад од погорните катови на ламелата. Токму во овој дел од комплексот се сместени и работните простории на телевизијата. Случајот веднаш ги вознемири граѓаните и вработените, а полицијата експресно го блокираше просторот за да обезбеди докази.
Официјална потврда од Министерството за внатрешни работи
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Од МВР информираат дека пријавата пристигнала нешто пред девет и пол часот наутро. Во полициската станица било пријавено дека пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“ лежи лице со тешки повреди. Полициските службеници од станицата Бит Пазар веднаш излегле на терен за да ја проверат дојавата.
„Констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смртта на лице место ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.“
За целиот настан веднаш е известен дежурен јавен обвинител кој раководи со увидот на местото на трагедијата. Телото на починатиот директор ќе биде предадено на детална обдукција во Институтот за судска медицина. Оваа задолжителна постапка треба прецизно да ги утврди сите причини и точните околности кои довеле до изгубениот човечки живот.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








