во , ,

13 Секојдневни предмети што сигурно сте ги употребувале погрешно

Зошто четките за заби имаат шарени влакна?

Денес е навистина тешко да најдете четка во една боја. Повеќето четки имаат влакна со различни бои, кои по некое време избледуваат. Ова е знак дека треба да ја замените четката.

Како брзо да исчистите блендер?

Иако е корисен, блендерот може да биде навистина проблематичен за миење. Но, има навистина лесно решение. Едноставно, наполнете го блендерот со вода и неколку капки средство за миење садови, вклучете го и потоа само исплакнете.

Реклама

Дали ја користите иконата за часовникот на iPhone?

Најчесто иконите на апликациите за смартфони се слики. Но, ова не важи за иконата со часовник на iPhone, која секогаш го покажува точното време.

Како се нанесува крем на лицето?

Најверојатно за ова ги користите вашите раце. Но, на овој начин го полните кремот со бактерии од вашите дланки. Најдобро е да го вадите кремот од садот со чепкалка за уши.

Како правилно да го исечете местото?

Не е доволно само добро да го зготвите местото, важно е и како го јадете.

Кога сечете парче месо, сечете го во насока спротивна на ткивото. На овој начин ќе ја зачувате мекоста.

Кога треба да нанесувате антиперспирант?

Колку чудно и да звучи, експертите препорачуваат да нанесувате антиперспирант навечер, после туширање. На овој начин состојките ќе бидат најефикасни и ќе ги затворат вашите пори.

Како да наполните телефон без да го оштетите?

Експертите сметаат дека е најдобро да го полните телефонот кога ќе ви останат 10% батерија. Извадете го од полначот дури кога ќе се наполни целосно. На овој начин ќе ѝ го продолжите животот на батеријата.

Истовремено, не заборавајте да ја извадите заштитната маска, за да го избегнете прегревањето на телефонот.

Трик за во лифт

Ова е трик што би требало да го користите само кога навистина ви се брза. Сè што треба да направите е да го притиснете копчето на катот на којшто сакате да одите, заедно со копчето за затворање на вратите. На овој начин, лифтот веднаш ќе ве однесе на вашиот кат, без да застанува по пат.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тато кај ми е чоколадото?

9 Популарни митови за земјите, во кои сите залудно веруваат, а локалците ги нервираат