
Променет судски состав по јулската блокада
Овој предмет се враќа на маса откако на седницата одржана во јули, Судот не успеа да обезбеди потребно мнозинство за носење одлука. Од партијата Левица посочуваат дека во изминатите два месеци се случија и кадровски промени во самиот суд, што може да влијае на конечниот исход.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
По оставката на судијата Гоце Наумовски, на негово место беше избрана Мери Дика Георгиевска, предложена од Судскиот совет, а поддржана од актуелното владејачко мнозинство. Од Левица изразуваат надеж дека изминатото време било доволно за „спорната норма да се согледа од нејзината суштина, а не од политичката удобност што ја создава“.
Битка за рамноправност, а не за финансии
Суштината на спорот, според Левица, лежи во фактот што Изборниот законик создал апсурдна ситуација во која тие, како парламентарна партија, биле спречени да користат платен рекламен простор на телевизии, радија, портали и билборди, додека нивните политички конкуренти ја уживале оваа привилегија. Тие потенцираат дека проблемот е исклучиво од аспект на политичкиот плурализам, а не поради финансиски средства.
„Особено е тенденциозно ова прашање постојано да се сведува на пари. Амар Мециновиќ на локалните избори во 2025 година имаше нула денари платено политичко рекламирање, па сепак влезе во вториот круг за градоначалник на Скопје. Спорот не е околу тоа колку средства ќе добие Левица, туку зошто ѝ беше затворен пристапот до рекламниот простор“, посочуваат од партијата.
Левица апелира до Уставниот суд да не се крие зад аргументите за правни празнини и политички договори, туку директно да одговори на клучното прашање: дали е дозволено изборните правила селективно да создаваат нееднакви услови за политички натпревар? Одлуката, велат тие, ќе биде преседан кој ќе важи за сите политички субјекти во иднина.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден








