во , ,

8 Ситуации во кои „губиме осет“ и купуваме непотребни работи без посебна причина

Колку пати ви се случило да отидете во продавница за леб, а да се вратите натоварени со неколку кеси?

Или пак, да излезете на прошетка, а да си купите парче облека или пар чевли, затоа што не се испуштала можноста или пак, ве развеселило?

Реклама

Купувањето непотребни производи им се случило на сите, а постојат и причини заради кои нешто нè тера да го направиме тоа кои се и психолошко објаснети.

Кои се главните ситуации во кои купуваме непланирано и непотребно?

Дидерот ефект

Кога постоечките работи ќе почнат да ви изгледаат престаро и почнувате да ги заменувате без посебна потреба, а процесот нема крај бидејќи купување една нова убава работа ве тера да трошите на нешто друго.

Сноб ефект

Кога купувате нешто што другите не го купуваат само за да се истакнете и да бидете поразлични и да привлечете внимание.

Ефект на имитација

Во овој случај личноста купува нешто што е модерно и што сите го носат, независно дали ѝ одговара или може да си го дозволи.

Работи за во иднина

Луѓето кои веруваат во подобра иднина и се подготвуваат за неа, однапред купуваат работи кои би ги користеле понатаму, иако сега воопшто не можат да ги употребат, независно дали е тоа премала облека или удобни штикли за свадба која не е ни во план.

Спонтани купувања според расположение

Кога некој ќе ве изнервира или имате лош ден, па мислите дека треба да се почестите со нешто, одите во омилената продавница и купувате секакви работи кои можеби не ви се потребни, но мислите дека шопингот ќе ве расположи.

Психолошки трикови во продавница

Пријатна музика, топли бои, примамливи мириси, добра уреденост и попусти – сите овие фактори влијаат психолошки на вас и ве тераат да купувате дури и кога не планирате.

Попусти и промоции

Една од најчестата причина заради која луѓето купуваат нешто непотребно е затоа што е на попуст.

Промоциите и попустите влијаат погрешно на вас и мислите дека не треба да ја испуштите можноста, иако веќе имате такво нешто и не ви е потребно.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слушај бе ти, зошто не слабеш?

7 психолошки прашања преку кои ќе ја „прочитате“ личноста спроти вас