во ,

Ученик наводно тепал цело одделение, нападнал и гризнал наставничка

Алармантна состојба и огромен револт во скопското основно училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош!

Ученик од четврто одделение, според тврдењата на родителите, го тероризира целото свое одделение, а ситуацијата кулминирала до точка на вриење кога минатиот петок физички ја нападнал и гризнал својата наставничка среде училиште, по што морала да интервенира и Брзата помош!

Купи Маица

Очајните родители денеска излегоа на протест и ја бојкотираат наставата, барајќи итно и неодложно решение за насилното однесување на ученикот кој, како што велат, претставува сериозна опасност за безбедноста на сите деца и наставниот кадар.

Што точно се случува зад училишните ѕидови и зошто системот, според наводите, потфрлил во заштитата на најранливите?

Родители на ученици од четврто одделение во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Карпош денеска одржаа протест пред училишната зграда.

Причина за нивниот револт е, како што тврдат, долготрајното насилно однесување на еден ученик од истата паралелка. Поради страв за безбедноста на своите деца, речиси целото одделение веќе ја бојкотира наставата.

Капката што ја прелила чашата, според изјавите на родителите, бил инцидентот што се случил минатиот петок. Тогаш, проблематичниот ученик физички ја нападнал наставничката.

Според нивните тврдења, таа била гризната по раката и удирана по главата, по што морала да биде повикана и Итна медицинска помош за да ѝ укаже лекарска помош. Родителите велат дека ученикот подолго време ги малтретира и тепа своите соученици, создавајќи атмосфера на страв.

Тие посочуваат и дека ученикот за кој станува збор имал обезбеден образовен асистент во прво и второ одделение.

Меѓутоа, во трето и четврто одделение, таква поддршка од страна на училиштето не му била обезбедена, што според нив можеби придонело за ескалација на проблематичното однесување.

Загрижените родители бараат итно и трајно решавање на овој сериозен проблем од страна на училишните власти и надлежните институции, со цел да се гарантира безбедноста на сите ученици и нормално одвивање на воспитно-образовниот процес.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Филипче со жестоки обвинувања: ВМРО-ДПМНЕ од политички инает го блокираше законот за помош на настраданите од Кочани, немаат човечност!

Чудо на упорноста: 57-годишна Црногорка роди здраво девојче по 22 години борба со неплодност, зачнато во клиника во Скопје