во , ,

СДСМ: Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е одговорен за хаосот во Скопје

„Кога Ѓорѓиевски стана градоначалник на Кисела Вода, жителите добија ветувања за паркови, градинки, катни гаражи и чисти улици.“

„Денес, скоро четири години подоцна, општината е презадолжена, покриена со смет и задушена од бетон.“ Ова го изјави Јована Јанчева од СДСМ на денешната прес-конференција, критикувајќи го кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Општината е презадолжена, 100.000 евра завршија кај негови блиски луѓе“

„За една година и три месеци, долгот на општината се зголеми за 40 милиони денари. Од долговите не се видоа ниту нови улици, ниту нови паркови,“ рече таа. „Наместо тоа, од буџетски средства се исплаќаат пријатели, роднини и партиски активисти.“

Супер Летен Попуст

Според неа, најмалку 100.000 евра од општинските пари завршиле на сметки на блиски луѓе на Ѓорѓиевски. „Со пари на граѓаните тој си ја купува довербата и поддршката, тера лажен ПР и промоции,“ обвини Јанчева.

„Тој стои зад сите блокади и партиски битки што ги трпат скопјани“

Од СДСМ велат дека Општина Кисела Вода во неговиот мандат станала симбол за урбан хаос. Тие го обвинуваат дека наместо да го среди хаосот, тој се вклучил во политички игри. „Тој организираше блокади на ‘Комунална хигиена’, создаваше паралелни синдикати во ЈСП и ширеше паника за квалитетот на водата.“

„Ѓорѓиевски е најдиректно одговорен за хаосот кој му се случуваше на Град Скопје. Тој стои зад сите блокади и партиски битки од кои четири години страдаат скопјани,“ тврди Јанчева.

„Скопје не смее да стане поголема верзија на Кисела Вода“

„Ѓорѓиевски ветуваше десетици проекти, но реализираше одвај 20% од нив. Ги изневери граѓаните на Кисела Вода.“ „Зад сликите и пресовите стои човек кој потроши 100.000 евра за да вдоми нему блиски луѓе. И кој ги зголеми долговите за 40 милиони денари,“ велат од СДСМ.

„Скопје не смее да стане поголема верзија на Кисела Вода. Главниот град не заслужува пион на Мицкоски, кој ќе ја користи градската каса како каса за партијата. Граѓаните добро знаат како изгледа кога Орце управува: долгови, хаос, ѓубре и лаги.“

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хаос на Охридското Езеро: Фатени се дури 7 пијани капетани, Езерската полиција жестоко удира!

Потврдено од МВР: Пронајдено е изгорено тело во пожарот во Ѓорче Петров