
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, конечно го прекина молкот и откри зошто, според него, пропаднал планираниот самит меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта.
Во интервју за италијанскиот весник „Corriere della Sera“, кое, според руското МНР, било цензурирано од италијанска страна, па тие го објавиле целиот транскрипт, Лавров инсинуираше дека некој го саботирал состанокот.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
„Од каде и од кого потекнаа тие подмолни (подземни) извештаи кои му беа доставени на американскиот лидер, по што тој или го одложи, или го откажа самитот во Будимпешта – мене не ми е познато“, нагласи Лавров.
Повеќе од само откажување – Москва сè уште е подготвена
Министерот потврди дека Москва и понатаму е подготвена за одржување на самитот во Унгарија, но само под услов подготовките да се засноваат на претходните разговори и дневниот ред да биде „детално и сериозно разработен“.
Самитот, кој требаше да биде чекор напред во дијалогот, беше откажан од страна на Трамп по нивниот осми телефонски разговор. Одлуката на Трамп дојде ненадејно, додека Путин изјави дека повеќе се работи за поместување на терминот отколку за конечно откажување.


