во ,

Уживајте во 19-те степени утре: За викендот доаѓа „потоп“, а од недела и снег!

Времето утре ќе биде променливо облачно со температури до 19 степени, но вистинската промена на времето пристигнува за викендот.

Утре (четврток) ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во Скопје се очекуваат повремени врнежи со послаб интензитет. Температурите ќе се движат од 4 до 19 степени, што е релативно топло за овој период од годината.

Циклон носи невреме и снег

Супер Попуст -25%

Под влијание на циклонска активност, во петок и за време на викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 литри на метар квадратен), локално во форма на невреме со грмежи. Од недела, температурите значително ќе опаднат, а на повисоките планини дождот ќе помине во слаб снег, најавувајќи го доаѓањето на зимата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Обвинителот Јанев остро во судницата: ‘Кој молчеше додека Пулс стануваше смртоносна стапица?’

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 НОЕМВРИ: Ракот ги решава одложените обврски, Скорпијата ужива во времето поминато со пријателите