
Европа е задоволна: Мнровниот план од 28 точки за Украина е ревидиран, а спорните точки за НАТО се избришани или изменети.
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека разговорите во Женева донеле „пресуден успех за Европејците“. Според него, од планот се отстранети точките што вклучувале експлицитна забрана за влез на Украина во НАТО, како и гаранцијата дека НАТО нема понатаму да се шири.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Според ревидираниот план, суверенитетот на Украина ќе биде потврден, а земјата ќе добие силни безбедносни гаранции, вклучително и американска гаранција што го отсликува членот 5 на НАТО (напад врз еден е напад врз сите). Сепак, приклучувањето кон НАТО ќе зависи од консензус, кој во моментов не постои.
Клучни точки од новиот план
- Војска: Украинската армија ќе биде ограничена на 800.000 војници во мирнодопски услови.
- Територии: Украина се обврзува дека нема да ги враќа окупираните територии со воени средства. Преговорите за територијални размени ќе почнат од линијата на контактот.
- Економија: Русија ќе биде постепено реинтегрирана во глобалната економија (враќање во Г8, ублажување на санкции), но замрзнатите руски средства ќе се користат за обнова на Украина.
- Енергетика: Нуклеарната централа Запорожје ќе биде рестартирана под надзор на МААЕ, а енергијата ќе се дели 50-50 меѓу Русија и Украина.
- Гарант: Примената на договорот ќе ја надгледува „Одбор за мир“ со кој ќе претседава Доналд Трамп.
Планот предвидува и размена на затвореници „сите за сите“ и итно одржување на избори во Украина по потпишувањето. Сега останува прашањето: Што ќе каже Владимир Путин на ова?


