
Македонија и денеска е под влијание на силна циклонска активност од Медитеранот, комбинирана со продор на студен воздух од север, што носи драстична промена на времето.
Во источните предели се очекуваат нови обилни врнежи од дожд, каде локално ќе наврнат над 40 литри на метар квадратен за 24 часа, што ќе предизвика и зголемување на нивото на водата во речните корита. Ќе дува и повремено засилен северен ветер.
Зимска идила на високите места
Супер Попуст -25%
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Студениот бран носи и вистинска зимска атмосфера на планините. На надморска височина над 1.300 и 1.400 метри, дождот ќе премине во снег, при што се очекува формирање на снежна покривка.


