
Полицијата уапси четири лица од Струмица кои се сомничат дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември украле дури 160 вреќи со компир од паркиран камион.
Според СВР Струмица, кражбата била извршена од камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на лице од селото Горна Речица. Полициските службеници ги лишиле од слобода Ј.А. (40), М.А. (34) и Р.Д. (31), а на разговор бил повикан и И.А. (38), сите од Струмица.
Признание и вратен плен
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Во службениот разговор, осомничените го признале делото. Полицијата успеала да ги пронајде украдените 160 вреќи компир кај двајца од сторителите, ги одзела и веднаш му ги вратила на оштетениот сопственик. По документирање на случајот, против четворицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Струмица.


