
Пензионерите на нозе: Масовен протест пред Уставниот суд во понеделник за одбрана на линеарното покачување
Пензионерите од цела Македонија најавија масовен протест за понеделник, 1 декември, точно во 11 часот пред Уставниот суд во Скопје. Револтот е предизвикан од покренатата постапка за оцена на уставноста на линеарниот раст на пензиите, иницирана од судијката Добрила Кацарска. Организаторите од Штип, Свети Николе, Куманово и Скопје порачаа дека целта е да се изврши притисок да продолжи линеарното покачување (фиксна сума за сите), наместо процентуалното кое создава големи разлики.
Нови барања: К-15 и посмртнина од 50.000 денари
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Покрај одбраната на линеарниот модел, пензионерите испорачаа пакет нови барања до властите. Тие инсистираат на исплата на К-15, итно воведување на пензионерска картичка за попусти, како и драстично зголемување на надоместокот за погреб (посмртнина) од сегашните 35.000 на 50.000 денари.
Ултиматум: Ако нема решение, радикализација на 10 декември
„Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да кажеме дека е доста дискриминација“, изјавија претставниците на пензионерите. Тие дадоа јасен ултиматум: доколку протестот во понеделник не вроди со плод и не бидат слушнати нивните барања, собирите ќе продолжат со уште поголема масовност веќе на 10 декември.


