во ,

„Процесот е политички, признајте го тоа“: Николоски од Брисел бара ЕУ да ги притисне блокаторите

„Процесот е првенствено политички, а не само реформски“: Николоски од Брисел побара ЕУ да изврши притисок врз кочничарите на проширувањето

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за МИА од „Самитот ЕУ-Западен Балкан“ во Брисел, испрати јасна порака дека Македонија одамна и заслужено требало да ги почне преговорите. Тој откри дека на Самитот, одредени европски челници и дипломати „доста храбро“ признале дека процесот на проширување е пред сè политичка одлука, а дури потоа прашање на исполнување реформи и критериуми. „Ако веќе знаеме дека процесот е политички, тогаш се потребни политички одлуки и најголемите земји членки на ЕУ треба да постават јасна визија за регионот и за Македонија“, истакна Николоски, барајќи од Унијата да изврши притисок врз оние што го блокираат процесот.

Уставни измени само со одложено дејство и барање за реципроцитет од Бугарија

Супер Попуст -25%

Во однос на горливото прашање за уставните измени, Николоски го повтори владиниот став: „Уставни измени под бугарски диктат нема да правиме“. Тој инсистира на моделот на уставни измени со одложено дејство, кои би стапиле на сила дури кога Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе стане членка, за да се спречат нови блокади и вета во иднина. Вицепремиерот нагласи дека процесот мора да биде двонасочен и балансиран, потсетувајќи дека Бугарија има обврска да ги спроведе 14-те пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на правата на Македонците во Бугарија, нешто што Софија досега целосно го игнорира.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Груевски удри по Заев: „Купува евтино руско железо додека глуми европеец и ја финансира војната на Путин!“

Орбан со драматичен апел: „Следните денови се критични – или мир или војната доаѓа во Европа!“