
Пролет во декември: Температурите денеска ќе се искачат до 17 степени
Управата за хидрометеоролошки работи најавува уште еден невообичаено топол зимски ден. Времето денеска (11.12.2025) ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност која ќе биде позабележлива наутро, но ќе се намалува во текот на денот. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Детална прогноза:
- Температури: Минималните ќе се движат од -2 до 3 степени, додека дневните максимуми ќе достигнат висина меѓу 12 и 17 степени.
- Скопје: Утрото ќе започне со услови за слаба магла во делови од котлината, но денот ќе продолжи сончево, тивко и со мала облачност. Температурата во главниот град ќе се искачи до пријатни 14 степени.
Што нè очекува наредните денови?
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Периодот на стабилно време продолжува. И во наредните денови ќе се задржи трендот на релативно топло време за овој период од годината, додека утрата и ноќите ќе бидат карактеризирани со појава на магла и ниска облачност која ќе се расчистува како што ќе одминува денот.


