во ,

Берово замрзна на -6 степени, Крушево „најтопло“ со 3 степени утрово

Најстудено утрово е во Берово каде се измерени -6 степени, додека во Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија и Струмица живата во термометарот се спушти до -4 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото во многу градови како Тетово, Штип и Куманово започна со -3 степени, додека највисока утринска температура од 3 степени е регистрирана во Крушево.

Супер Попуст -25%

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко, но со утринска магла по котлините. Во северозападните делови можни се услови за слаб дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 13 степени, додека во Скопје ќе се задржи променливо облачно време со температура до 7 степени.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уметникот Бипл ги претвори Маск, Безос и Закерберг во кучиња-роботи кои „какаат“ уметност

Филипче го претстави новиот тим: „Нова сила и енергија за СДСМ“