
ВМРО-ДПМНЕ оцени дека оставката на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е задоцнет потег со кој тој се обидел да купи време за своите политички наредбодавци и да ја избегне вистината за неговото работење.
Според владејачката партија, Коцевски тактизирал иако Собранието веќе му изгласа недоверба, со цел да продолжи да ги штити функционерите на СДСМ и ДУИ.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Од партијата јавно прашуваат дали е точно дека група обвинители, предводена од Коцевски, заташкува над 40 предмети за висока корупција поврзани со претходната власт. За ВМРО-ДПМНЕ, неговото заминување означува крај на „темниот период“ на партизирано обвинителство и почеток на реформи кои ќе донесат неселективна правда и враќање на довербата на граѓаните во институциите.


