
Ник Рајнер (32) се соочува со смртна казна откако официјално е обвинет за бруталното убиство на неговите родители, холивудската легенда Роб Рајнер (78) и неговата сопруга Мишел (68), во нивниот дом во Брентвуд, Калифорнија.
Според окружниот обвинител на Лос Анџелес, Нејтан Хохман, Ник се товари за две точки за убиство од прв степен со употреба на „опасно и смртоносно оружје“ (нож), со отежнителна околност за повеќекратно убиство. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор без право на условна слобода или егзекуција.
Семејната трагедија добива уште потажна димензија со оглед на тоа што Ник, кој работел како сценарист, со години се борел со зависност од дрога, тема која заедно со татко му ја обработија во биографскиот филм „Being Charlie“. Роб Рајнер зад себе остави богато филмско наследство, вклучувајќи ги класиците „Мизери“, „Принцезата невеста“ и „Неколкумина добри луѓе“.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден







