во ,

СДСМ грми по гласањето: „ДПМНЕ и ЗНАМ го заверија предавството на Македонија“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро реагираше по гласањето во Собранието, обвинувајќи ги владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека со усвојувањето на Резолуцијата извршиле „национално предавство“ и го реализирале сценариото „мигранти за пари“.

Според опозицијата, 17 декември 2025 ќе остане запаметен како црн ден, при што упатија директни прашања до пратениците од власта дали за оваа одлука добиле милионски суми и тендери од кредитот од 6 милијарди евра.

Супер Попуст -25%

СДСМ го критикуваше и премиерот Христијан Мицкоски дека „побегнал“ во Брисел додека се гласало предавството. Партијата најави дека нема да биде нем набљудувач и повика на формирање широк опозициски фронт. Од друга страна, владејачкото мнозинство тврди дека изгласаната Резолуција всушност ги осудува манипулациите на СДСМ и правно ги поништува сите претходни политики за прифаќање мигранти од времето на владата на Заев и Филипче, ставајќи крај на шпекулациите за изградба на кампови.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сонце и облаци денеска: Температурите ќе се искачат до 13 степени

Антонио Кошта јасен: Западен Балкан мора да бира – заробен во минатото или европска иднина?