
„Западен Балкан мора да направи фундаментален политички избор: да остане заробен во минатото или да чекори кон заедничка иднина во ЕУ“, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан.
Тој нагласи дека процесот на проширување се движи со најбрзо темпо во последните 15 години и дека тоа е процес базиран на заслуги, каде побрзите земји не треба да бидат жртви на оние што заостануваат.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Додека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, го пофали „импресивниот напредок“ на Црна Гора и Албанија како инспирација за другите, за Северна Македонија беше изразена надеж за напредок во текот на следната година. Во изјавите на Кошта беа анализирани сите земји од регионот, со исклучок на Србија, откако претседателот Александар Вучиќ одби да присуствува на собирот.


