во ,

Мир или нова офанзива? Русија бара одговори од Америка додека се заканува со сила

Кремљ официјално потврди дека се подготвуваат нови контакти со САД, откако американскиот медиум „Политико“ објави дека е можна средба меѓу двете делегации во Мајами претстојниот викенд.

Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека целта на овие разговори е Русија да добие информации за резултатите од преговорите што Вашингтон претходно ги водел со Киев и европските партнери. Според најавите, во руската делегација се очекува да биде и Кирил Дмитриев, претставникот на Путин за инвестиции.

Супер Попуст -25%

Овие дипломатски чекори се случуваат во атмосфера на засилени закани од Владимир Путин. Рускиот претседател вчера предупреди дека Русија ќе продолжи да освојува територии со сила доколку Украина и европските политичари (кои погрдно ги нарече **„млади прасиња“**) не се согласат со американските предлози за мирно решавање на конфликтот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во чест на Ентони Прајс: „Најголемиот дизајнер што можеби никогаш не сте го слушнале“

Сонце и облаци пред викендот: Температурите денеска ќе се искачат до 14 степени