
Претседателот на САД, Доналд Трамп, донесе итна одлука за суспендирање на популарната „лотарија за зелена карта“, откако се утврди дека осомничениот за крвавиот пир на Универзитетот „Браун“ и убиството на професор од МИТ влегол во земјата преку овој програм.
Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, ја потврди наредбата за запирање на програмот, нарекувајќи го осомничениот – 48-годишниот португалски државјанин Клаудио Невеш Валенте – „гнасна личност“ на која никогаш не требало да ѝ биде дозволен влез.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Валенте, кој по нападите во кои загинаа две лица (студенти и професор), а девет беа ранети, си го одзеде животот, добил виза преку лотаријата во 2017 година. Иако за лотаријата за 2025 година се пријавиле скоро 20 милиони луѓе, оваа суспензија ги става во неизвесност сите апликанти. Со оглед на тоа што програмот е воспоставен од Конгресот, аналитичарите предвидуваат дека потегот на Трамп „речиси сигурно“ ќе се соочи со правни предизвици и тужби.

