
Ирански функционер најави дека одговорот на последните напади ќе биде „катастрофален“, додека во повеќе делови на Иран се слушнаа експлозии
Според иранската новинска агенција „Фарс“, три експлозии одекнале во централен дел од земјата, а детонации биле регистрирани и северно и источно од Техеран, како и во Исфахан, Карај и Керманшах.
Израел прогласи вонредна состојба
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека станува збор за превентивен напад со цел елиминирање на безбедносните закани. Поради очекуван можен одговор, во земјата е прогласена вонредна состојба.
Операција планирана однапред
Израелски безбедносен извор тврди дека нападот бил заедничка американско-израелска операција и дека датумот бил утврден пред неколку недели. Ситуацијата останува напната, а меѓународната заедница внимателно го следи развојот на настаните.


