
Ќерката на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, преку емотивна објава ги соопшти деталите за неговото последно испраќање.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Таа напиша дека нејзиниот татко заминал достоинствено, оставајќи зад себе големо актерско наследство и огромна празнина кај семејството и најблиските.
„Беспрекорен до последниот здив, како што само ти умееше. Замина во легендите“, стои во дел од нејзината порака.
Последното збогум во Бутел
Според објавата на Сашенка, семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе се простат од актерот на градските гробишта во Бутел.
Оддавањето почит во капелата е закажано во 13 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот.
„Нека ти е светол небесниот пат, татко мој, таму каде што болката повеќе не постои“, напиша неговата ќерка.
Актер кој остави неизбришлива трага
Гоце Тодоровски беше еден од најпрепознатливите и најсакани македонски актери. Во својата долгогодишна кариера оствари бројни улоги во театарот, телевизијата и филмот.
Со својот препознатлив талент, хумор и актерска енергија, Тодоровски остави длабока трага во македонската култура и во колективната меморија на повеќе генерации.


