
Следењето на состојбата на терен се одвива преку македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Солун, кое е во постојана и директна координација со надлежните грчки институции и служби за спасување.
Контакт броеви за итни случаи
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Од министерството упатуваат апел до сите наши граѓани кои се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од каква било асистенција, веднаш да стапат во контакт со дежурните служби.
„Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните броеви на Конзулатот во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.“
Апел за почитување на насоките од грчките власти
Воедно, надлежните апелираат до сите македонски државјани кои летуваат или престојуваат во засегнатите региони внимателно да ја следат локалната ситуација. Од клучно значење за личната безбедност е строго да се почитуваат сите насоки, препораки и евентуални наредби за евакуација издадени од грчките локални власти и противпожарните служби.


