
Морничавиот инцидент се случил на 14 август, кога во нивниот семеен дом пристигнале непознати лица. Тие барале од осомничениот да им врати 200 евра, кои претходно му ги дале верувајќи дека помагаат за лекување и дијализа на неговото малолетно девојче.
Измамата откриена, следеле страшни закани
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Кога сопругата ја дознала вистината, таа пред луѓето признала дека нејзиниот сопруг ги измамил и најавила дека веднаш ќе повика полиција. Во тој момент, осомничениот физички го нападнал девојчето, удирајќи го и упатувајќи морничави закани дека ќе ги запали и неа и сопругата доколку биде приведен.
„Со овие постапки тој предизвикал силно чувство на загрозување и страв кај оштетените. Дополнително, тој ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно изречени од Основниот суд во Тетово,“ информираат од Јавното обвинителство.
Обвинителството бара притвор
Ценејќи ги сите овие отежителни околности, свесното кршење на претходните судски забрани, како и реалната опасност од остварување на смртните закани, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за насилникот.


