во

СДСМ СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните!

Опозицискиот СДСМ упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и владејачката партија, обвинувајќи ги за ароганција и негрижа кон здравјето на граѓаните во услови на здравствени кризи и загадена вода за пиење.

Според соопштението на партијата, власта свесно ги крие податоците за квалитетот на водата низ државата, што резултираше со масовно труење во Гостивар, а слични проблеми се појавуваат и во други општини.

Кризата во Гостивар и молкот на институциите

Супер Попуст -25%

СДСМ посочува дека поради тајноста на институциите, цел град од 50.000 жители бил изложен на опасност, при што над 5.000 луѓе побарале лекарска помош. Тие обвинуваат дека граѓаните со денови пиеле вода загадена со фекалии, без никој да ги предупреди за ризиците.

„Мицкоски од екскурзија пушти вода за пиење во Гостивар. А документ за исправност на водата сè уште нема. Наместо премиерот и министерот за здравство – полицаец држи здравица и објаснува колку е вкусна водата“, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Од опозициската партија реагираат дека од почетокот на кризата нема изјава од стручно лице, ниту еден официјален документ со анализи, и го прозиваат Јавното обвинителство за, како што велат, целосен молк и непреземање одговорност во изминатите пет недели.

Загадена вода во повеќе градови и критики за власта

СДСМ алармира дека повеќе од 50 места во Македонија немаат објавени анализи за исправноста на водата. Како најнови примери ги посочуваат случаите со отровни материи во водата во Демир Капија и минералната вода во Кривогаштани.

  • Четири реки во државата се загадени, без сè уште да има утврдена одговорност.
  • Земјата се соочува со здравствена криза која вклучува труење со вода, појава на жолтица и западнонилска треска.
  • Обвинувања кон владата дека наместо да менаџира со кризата, се занимава со отворено исмејување и префрлање на вината.

Во соопштението се заклучува дека ароганцијата на владејачката партија нема крај и дека на граѓаните им се сервираат пропагандни соопштенија наместо реални решенија и одговорност за состојбите во здравствениот сектор.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ БЕЛГОРОД: Шестмина загинати и четворица ранети, меѓу нив и 14-годишно дете!

ТРАГЕДИЈА ВО ИРСКА: Петмина тинејџери загинаа во директен судир, возеле во спротивен правец со фантомки!