во

ПЕКОЛНА ЖЕШТИНА ЈА ЗАКОВУВА МАКЕДОНИЈА: Температурите ќе достигнат до 40 степени!

Македонија е зафатена од вистински топлотен бран. Временската прогноза најавува пеколни температури кои ќе достигнат и надминат 40 степени. Граѓаните треба да се подготват за екстремно топло време, но и за нагло влошување кое следува кон крајот на викендот.

Денеска нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, додека максималната ќе достигне од пеколни 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде слично, со максимални 39 степени и слаб ветер од јужен правец.

Пеколен викенд пред големата промена

Супер Попуст -25%

Вистинскиот врв на топлотниот бран се очекува до сабота. Времето ќе остане сончево и екстремно топло. Дневните температури на одредени места низ државата се очекува дури и да надминат над 40 степени. Ова бара максимална внимателност, избегнување на директно изложување на сонце и пиење многу течности.

„Во недела и следните неколку денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.“

Опасност од невреме и град

По екстремните жештини, следува остар сврт и голема промена на временските прилики. Метеоролозите предупредуваат на локална нестабилност која почнува во недела попладне. На места ќе има услови за сериозно невреме проследено со силен ветер и појава на град. Со овој влажен и нестабилен бран, температурите конечно ќе почнат постепено да опаѓаат, носејќи посакувано освежување.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВУЧИЌ АЛАРМИРА: НАТО да го спречи отворањето на мостот на Ибар, Србите се во опасност!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 АВГУСТ: Овенот мора да изврши непријатен разговор, Шкорпијата се чувствува добро