
Барање за притвор поради богато криминално досие
Осомничениот се товари за кривичното дело – Загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка веќе доставил предлог за определување мерка притвор, ценејќи го ризикот од бегство, но пред сè претходното криминално поведение на пријавениот.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Според надлежните институции, станува збор за личност која и претходно се јавува како извршител на низа други кривични дела од областа на насилниот криминал, вклучувајќи насилство, лихварство, како и поголем број прекршоци за континуирано нарушување на јавниот ред и мир.
Реална опасност од животозагрозувачки последици
Обезбедените докази од страна на Обвинителството укажуваат дека институциите морале брзо да реагираат за да спречат евентуална реализација на упатените закани кон премиерот, земајќи го предвид профилот на сторителот.
„Станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици.“
Постапката е во тек, а во следниот период се очекува одлуката на судијата на претходна постапка во однос на изрекувањето на побараната притворска мерка со цел осигурување на безбедноста и непречено одвивање на кривичниот процес.


