
Трагедии без одговорност и урната доверба
ВМРО-ДПМНЕ потсетува на двете најголеми трагедии во поновата македонска историја кои сè уште чекаат вистинска правна разрешница и праведна казна за виновниците. „Во случајот ‘Ласкарци’ загинаа 16 граѓани, додека во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица. Десетици семејства останаа без своите најблиски“, се вели во партиското соопштение.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Оттаму посочуваат дека граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност за овие катастрофи, но наместо тоа, добиваат судски одлуки кои дополнително ја рушат и онака кревката доверба во државните институции.
Врховниот суд ги ослободува виновниците
Владејачката партија директно ги посочува судиите во Врховниот суд за најновите контроверзни пресуди кои ја брануваат јавноста, обвинувајќи ги за директна заштита на криминалот.
„Врховниот суд предводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укина пресудата за случајот ‘Ласкарци’ и практично ги ослободи виновниците. Истиот суд на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој претходно беше правосилно осуден за криминал.“
Од ВМРО-ДПМНЕ децидно порачуваат дека на Македонија не ѝ е потребен правосуден систем кој ќе функционира како заштитник на СДС и ДУИ. Владеењето на правото и правдата мора да станат реалност, а не алатка во рацете на политичките моќници од минатото, заклучуваат од партијата.


