
Привремено решение и меѓуинституционална соработка
Оваа информација до јавноста ја соопштија ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Пренасочувањето на отпадот кон скопската депонија доаѓа како итно решение за да се спречи еколошки проблем во градот.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Во врска со надминувањето на кризата, Димитриевски изрази благодарност за соработката и поддршката до неколку клучни актери:
- Премиерот на Владата, Христијан Мицкоски.
- Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
- Менаџерскиот тим на скопската депонија „Дрисла“.
Санација на „Краста“ и извинување до кумановци
Градоначалникот Димитриевски најави дека паралелно со носењето на сметот во Скопје, интензивно продолжуваат активностите за санација на градската депонија „Краста“ со цел трајно надминување на проблемот со одложувањето на отпадот во Куманово.
„Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок“, наведе Димитриевски во својата објава на Фејсбук.


