во

ЛДП бара одговори од Владата: Дали „машкиот надзор“ е новата државна политика кон жените?

Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази жестока реакција по гостувањето на коалициски партнер на власта на национална телевизија, оценувајќи ги неговите изјави за „машки надзор“ како скандалозно оправдување на насилството врз жените.

Шовинизам и блокирање на законските решенија

Во своето соопштение, ЛДП директно го повика премиерот да одговори дали ваквите ставови претставуваат официјална владина политика. Партијата смета дека промовирањето на, како што го нарекуваат, средновековен „машки надзор“ е директен атак врз достоинството, слободата и безбедноста на секоја жена во Македонија.

Супер Попуст -25%

Од партијата изразуваат сомнеж дека токму ваквите шовинистички сфаќања во редовите на владејачкото мнозинство се вистинската причина поради која со месеци се блокира и не се изгласува предлог-законот за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство.

Одговорност од Воената академија и Министерството за одбрана

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, посебно го истакна фактот дека лицето кое ги промовира овие ставови е професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Таа побара итни одговори од Министерството за одбрана за тоа дали на ваков начин се обучуваат идните офицери на македонската Армија.

Зајкова, која веќе неколку пати го предлагаше законското решение за електронски нараквици за осудените престапници, предупреди дека доколку Владата и Министерството веднаш не се оградат од овој говор на омраза, ќе бидат сметани за соучесници во секој иден случај на семејно насилство.

„Токму за ваквите скриени и потенцијални насилници како дотичниот владин партнер е потребно итно донесување на ова законско решение. Прекинете со глупави изговори – изгласајте го законот за електронска нараквица веднаш!“, децидна е Зајкова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СДСМ со остри критики: Славески тврди дека „сè е во ред“ со Алта банка, додека граѓаните не можат до своите пари

Бугарија врати речиси 20 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди