во

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Заев и Филипче преку Еуростандард банка испрале 110 милиони евра од Венецуела

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со тешки обвинувања кон претходното раководство на СДСМ, тврдејќи дека за време на власта на Зоран Заев и Венко Филипче, преку Еуростандард банка биле „испрани“ огромни суми на пари со потекло од Венецуела.

Мрежа на трансакции: Од Венецуела преку Белорусија до Србија

Според наводите на ВМРО-ДПМНЕ, првата транша од овие сомнителни трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека целокупниот износ кој требало да помине преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра. Во шемата се споменува и македонска фирма која купувала вештачко ѓубриво од компанија во Белорусија, по што средствата биле трансферирани на сметка во Србија каде подоцна биле замрзнати од тамошното обвинителство.

Супер Попуст -25%

Од партијата обвинуваат дека токму од Владата на СДС, странски олигарси кои се гонети за криминал во матичните земји, во Македонија добивале пасоши, тендери и урбанистички планови кроени по нивна мерка.

 

Сомнителни милионски кредити за блиски фирми

Покрај меѓународните трансакции, ВМРО-ДПМНЕ отвори прашања и за домашното кредитирање, посочувајќи дека фирми блиски до семејството Заеви и нивни деловни партнери – како „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“ и „Тритерол“ – земале милионски кредити од Еуростандард банка кои потоа никогаш не ги вратиле.

Од партијата порачуваат дека политичката моќ не смее да служи за заштита на криминални бизнис-интереси и најавуваат одговорност за, како што велат, „изворот на криминалот и корупцијата“.

„Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ‘испраа’ пари дојдени од Венецуела… вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра…“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ФБИ го истражува шефот на „Nvidia“: Трамп тврди дека Џенсен Хуанг не знаел дека неговата партнерка е кинеска шпионка

Претседателското вето го врати Законот за јавни набавки: Поднесени 2.158 амандмани, власта бара бришење на спорниот член 13