
Првите денови не биле пријатни, но потоа следувал пресврт
Црниот грав е богат со растворливи влакна, протеини, калиум, магнезиум, фолати, железо и полифеноли, кои се поврзуваат со добро здравје на цревата, регулирање на холестеролот и стабилен шеќер во крвта. Сепак, иако Стач и претходно јадел храна богата со влакна, веќе третиот ден се соочил со очекуваната нуспојава – изразени гасови и надуеност.
Тој решил да истрае додека цревната микробиота не се прилагоди, па веќе до втората недела надуеноста практично исчезнала. Истовремено забележал дека наутро пие повеќе вода. Неговото искуство е потсетник дека внесот на влакна треба да се зголемува постепено, со помали порции на почетокот, за дигестивниот систем полесно да се навикне.
Подолга ситост, помалку грицкање и повеќе енергија
Најинтересните промени се појавиле во третата недела. Стач забележал дека многу поретко посегнува по грицки, подолго останува пријатно сит без чувство на тежина, а варењето му станало поурамнотежено. До четвртата недела забележал и постепено намалување на уморот и пораст на енергијата.
Сепак, тој нагласува дека ова е само негово лично искуство, а не научен доказ дека црниот грав ќе има ист ефект кај секого, признавајќи дека врз енергијата можеле да влијаат и подобриот распоред на оброците и подолгото чувство на ситост.
Евтина навика и брз рецепт за крем-супа
Еден од главните заклучоци му бил колку е едноставна и достапна оваа навика – најчесто користел конзервиран црн грав зачинет со ким, црн бибер и сол, додавајќи го во бурито, салати или ориз. Според неговата проценка, пакување од околу 1,8 килограми сув црн грав чини околу четири долари и обезбедува приближно 52 порции.
Тој споделил и брз рецепт за кремаста супа: во блендер се ставаат две конзерви црн грав (заедно со течноста), четвртина главица лук, лук во прав, ким, сол, црн бибер, бујон од зеленчук, еден излупен морков, сок од лимета и маслиново масло. Смесата се блендира додека не стане мазна, а потоа се загрева во тенџере и може да се послужи со коријандер, крем од авокадо или лута пиперка.
„Мислам дека ова може да биде добро за контрола на телесната тежина и апетитот, барем врз основа на мојот краток експеримент. Ова е мое лично искуство, ништо повеќе од тоа“, порача Марк Стач, советувајќи им на сите што сакаат да пробаат да почнат со помали количини.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден







