во

Полиција во ЈСП: Вработени фатени на дело како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ синоќа биле фатени од внатрешната контрола при кражба на значително количество нафта од гаражите во Ѓорче Петров, по што веднаш интервенирала полицијата, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ синоќа биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во населбата Ѓорче Петров, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата за да постапи на терен.

Градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека сите инволвирани вработени ќе бидат отстранети од работа, а од Јавното обвинителство очекува веднаш да отвори соодветна постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот.

Ѓорѓиевски: Секој литар нафта е платен со пари на скопјани

Осврнувајќи се на инцидентот, скопскиот градоначалник оцени дека овој случај е уште еден показател за, како што рече, долгогодишното системско уништување на градот. Тој им се обрати директно на граѓаните, потсетувајќи дека секој литар нафта во тие гаражи е платен со нивни пари за автобусите на ЈСП да ги носат на работа, на училиште и дома.

Ѓорѓиевски децидно порача дека негова обврска е да го чува секој денар на граѓаните и дека секој што ќе посегне по јавните средства ќе биде санкциониран без никаков исклучок. Притоа нагласи дека денеска, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот и оти само со директен и решителен удар може да се избори против корумпираните структури кои го уништуваат Скопје.

Се очекуваат официјални детали од Министерството за внатрешни работи

Во својата објава градоначалникот Ѓорѓиевски не прецизираше колку точно вработени биле затекнати на дело, за колкаво количество украдена нафта станува збор, ниту пак дали некое од лицата е лишено од слобода.

Повеќе официјални информации и конкретни детали за овој случај се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лидерите на Западен Балкан денеска на самит во Охрид: Сиљановска-Давкова домаќин на состанокот на Процесот Брдо – Бриони

Зеленски со остра критика до Трамп: „Путин е агресор и убиец – како може да биде пријател?“