во

Осум жители од зградата завршија во болница: Уапсен охриѓанец поради предизвикување пожар во својот стан

Вистинска драма се одвивала вчера во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, откако 55-годишен охриѓанец предизвикал пожар во својот стан, по што осум жители завршиле во болница со повреди и потешкотии при дишење!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Полициски службеници од Полициската станица Охрид вчера го лишиле од слобода Ц.Н. (55) од Охрид, кој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Брза евакуација на станарите и интервенција на Итната медицинска помош

Според информациите од полицијата, со брза и координирана интервенција на полициските службеници и на припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид, навремено била извршена евакуација на повеќе жители од зафатената станбена зграда.

Со возила на Итната медицинска помош, вкупно осум лица биле итно префрлени во Општата болница во Охрид, бидејќи се здобиле со повреди и имале потешкотии при дишењето.

Кривична пријава за предизвикување општа опасност

Во координација со останатите надлежни служби, Секторот за внатрешни работи Охрид презел дополнителни мерки за поддршка на станарите и целосно смирување на состојбата на терен.

Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека по целосното расчистување и документирање на настанот, против осомничениот Ц.Н. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рокас за можноста од ново бугарско вето: Не сакам да шпекулирам, но во преговорите некоја земја-членка може да нè изненади

Макрон со остро предупредување од самитот во Брисел: Кратењата во европскиот буџет се стратешка грешка