
Времето денеска низ целата територија на државата ќе биде облачно проследено со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар во рок од 24 часа. На планините ќе врне снег, а во попладневните часови, со продорот на постуден воздух од север, врнежите и на некои од повисоките места ќе преминат во снег.
Во текот на денот ќе дува умерен ветер, кој во североисточните делови и долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен од северен правец. Утринските минимални температури се движат во интервал од 2 до 10 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 5 и 12 степени.
Временската прогноза за Скопје: Можен снег кон крајот на денот и во текот на ноќта
Во главниот град денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Според најавите на метеоролозите, кон крајот на денот и во текот на ноќта постојат реални услови дождот во котлината да премине во снег.
Во Скопје ќе дува слаб до умерен ветер, а во одделни делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде без поголеми осцилации и ќе се движи од минимални 7 до максимални 8 степени Целзиусови.
Викенд со нова снежна покривка до 20 сантиметри и стабилизирање од понеделник
Врнежливото време ќе продолжи и во текот на викендот. Поради континуираниот продор на постуден воздух од север, во некои од пониските места ќе има мешавина од дожд и снег, додека на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег.
На планините се очекува формирање нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри, додека на повисоките места се очекуваат од 2 до 10 сантиметри снег. Во недела кон крајот на денот врнежите целосно ќе престанат, а од понеделник времето ќе биде стабилно, но значително постудено.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден







