во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 НОЕМВРИ: Кај Овните е присутна нервоза, Вагата е преоптоварена, а на Бикот му треба поддршка

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Нервозата и напнатоста се присутни, па бидете претпазливи во комуникациите во текот на денот. На оние кои се возачи им советуваме претпазливост во сообраќајот, бидејќи моментално сте деконцентрирани, а во исто време брзате. Денешниот ден би било најдобро да го искористите за поблаг вид рекреација или прошетка надвор од градот.

♉

Бик

Големи деловни обврски кои морате да ги завршите во текот на денот, а ниту имате доволно време ниту имате поддршка и помош од другите. Уште повеќе – личностите со кои доаѓате во контакт сега можат само да ви предизвикуваат нервоза и дополнително да ве деконцентрираат. Напнатост во односот со саканата личност.

♊

Близнаци

Ве стигна заморот од случувањата во текот на претходната недела. Ако за некоја работа ви е потребна голема концентрација или прецизност, прашање е дали ќе го одработите тоа како што треба. Можни се грешки. Можеби би било добро денес да одвоите повеќе време за свој одмор и опуштање.

♋

Рак

Компликации во плановите кои се поврзани со деловните обврски и проекти. Потребно е да ги промените во од, што ќе биде прилично тешко во дадените околности. Некои компромиси никако нема да ви годат. Средбата со емотивниот партнер може да биде бурна. Обидете се да го свртите ова на страст.

♌

Лав

Се обидувате да бидете толерантни во еден договор, но однесувањето на другата страна ве вади од такт. Тензиите се нагласени во односот со луѓето со кои доаѓате во контакт, па ова ќе се одрази и во вашите емотивни релации. Навистина е неопходно да направите компромис.

♍

Девица

Некои работи навистина повеќе не сте подготвени да ги толерирате и ќе поставите јасна граница во односот со деловен соработник. За жал, другата страна не сака да ги слушне вашите аргументи и лесно е можна расправија. Обидете се во односот со саканата личност да исправите некои лоши ситуации.

♎

Вага

Денешното деловно темпо не ви одговара. Во еден момент статичност, во друг куп обврски од кои не можете да се извлечете. Тешко се вклопувате, иако навистина ќе се трудите некои работи да ги одработите на време. Нерасположението се пренесува во односот со саканата личност.

♏

Шкорпија

Денес тешко успевате да се фокусирате на своите обврски. Многу ви се неопходни промени и не можете да се занимавате со вообичаените активности. Ќе гледате што побрзо да го завршите она што го имате и да побегнете. Потребен ви е контакт со личност со која сте многу блиски.

♐

Стрелец

Нервоза во партнерските и соработничките односи. Премногу се оптоварувате со ситуации кои е можно доста лесно да се решат, но ќе биде потребно повеќе такт и разбирање од двете страни. Можна е неусогласеност со емотивниот партнер и тешко ќе ја остварите посакуваната средба.

♑

Јарец

Неразбирањето е нагласено во договорите со деловните партнери и соработниците. Потрудете се да направите сè што е до вас, но бидете свесни дека и на тој начин е можно да доаѓа до проблеми. Добар ден за средби со пријатели или со луѓе кои одамна не сте ги виделе.

♒

Водолија

Денес би требало да се потрудите и да одржите добра комуникација со авторитетите и надредените личности. На некои работи сега не можете да влијаете, затоа обидете се да се прилагодите на моменталните околности. Емотивниот партнер успева да ве опушти и расположи, па посветете му повеќе внимание.

♓

Риби

Денес е неопходно да направите отстапка во деловните договори, бидејќи е можно на поинаков начин да не успеете да дојдете до решение. Некои ситуации не ви се пријатни, но морате да се прилагодите. Во семејните и емотивните релации денес е нагласена напнатоста.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза за денес и за викендот: Обилни дождови над 30 литри на метар квадратен, северен ветер и нова снежна покривка до 20 сантиметри

Турски потаж од тиква што грее подобро и од чај: Еден ароматичен зачин му дава посебен мирис и неодолив вкус