во

Сообраќајот се одвива по влажни коловози: Магла со видливост до 100 метри на патниот правец Куманово – Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по влажни коловози, но возачите треба да бидат особено претпазливи поради појава на магла со намалена видливост до 100 метри на патниот правец Куманово – Страцин!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Сообраќајот на државните патишта низ целата држава утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози, информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри е регистрирана на патниот правец Куманово – Страцин.

Проодни патишта и предупредување за можни одрони низ клисурите

Според официјалните податоци на претпријатието, сите патни правци во државата во моментов се проодни. Сепак, на одредени патни делници кои минуваат низ усеци и клисури постои можност од појава на поситни одрони на коловозот.

Од ЈП „Македонијапат“ упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за крајно внимателно управување со возилата, доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и задолжително приспособување на брзината на движење според актуелните услови на патот.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зеленски ѝ призна на Мелони: Украина не ги координирала со европските партнери нападите врз руски бродови во Либија

Уставниот суд го оцени за неуставен Колективниот договор за културата: Одлуката ќе се применува од 1 април 2027 година