во ,

11 начини како да откриете дали си имате работа со лажго

Статистички гледано еден човек во период од десетина минути кажува по две лаги, што значи дека сите сме лажговци, освен ако не одите по тоа дека статистиката е најголемата лага што може да постои. Иронично, нели?

Сепак, ако сакате малку повеќе да се посветите на фаќањето на лажговците, треба да ги знаете основните потези на телото кои го издаваат човек кој лаже. Еве кои се тие.

Реклама

Гестови кои ќе ви посочат дека имате работа со лажго:

Очи широко отворени

Лажговците не можат долго да одржуваат контакт со очите, но кога личност намерно лаже, таа сака да ја одбрани лагата по секоја цена, па така ќе зјапа директно во соговорникот со неприродно ширум отворени очи за да биде убедителна.

Исправување на рамениците и поткревање на брадата

Ако кога кажува нешто, ненадејно ги исправува рамениците, тоа говори за неговата несигурност во своите зборови.

Истото важи и за движењата на главата, па кога ја крева брадата сака да даде повеќе тежина на своите зборови.

Ја лиже или гризе устата

Личноста што лаже во секоја нареден миг се соочува со сè посува уста и тоа се нарекува и „ефект на памук“, а полицајците често го забележуваат кај криминалците.

Стресот автоматски го намалува излачувањето на плунката.

Си ги ограничува движењата

Познато е дека немирните потези со телото, а особено рацете посочуваат дека личноста задржува некои работи за себе.

Но, и обратното е вистина, луѓето кои лажат свесно се обидуваат да останат мирни и имаат некоја вештачка вкочанетост.

Посочува кон вас со показалецот

Ова е еден од најагресивните гестови. Ако личноста не сака да ви одговори на прашањето, го насочува својот бес кон вас и ви испраќа отровни стрели.

Лажгото на овој начин се брани себеси.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Животот ти е као трофазна струја…

28 Забавни илустрации во кои ќе се препознаат сите високи девојки