во ,

11 начини како да откриете дали си имате работа со лажго

Ја навалува главата на страна

Чарлс Дарвин забележал дека луѓето, како и животните, ја навалуваат главата на страна ако имаат ненадеен огромен интерес за нешто.

Обидувајќи се да пронајде одговор на непријатното прашање, лажгото може на рефлексивен начин да покаже интерес кон соговорникот и со помош на ова движење да ги сокрие вистинските намери. Па, така тој што го поставил прашањето потсвесно поради овој гест ќе му биде полојален на лажгото.

Ја влече јаката и си го трие вратот

Кога луѓето чувствуваат опасност, почнуваат да ја разлабавуваат јаката, затоа што им е тешко да дојдат до воздух. Потегот ја симболизира желбата да бидат слободни од лагите.

Реклама

И триењето на вратот посочува на несигурност.

Се потпира на цврсти предмети

Кога личноста лаже, несвесно се чувствува ранливо и се обидува да ја зајакне својата позиција на секој можен начин, дури и физички.

Може да се потпре на ѕид, маса, стол или која било цврста површина која ќе му даде чувство на сигурност.

Ги покрива ранливите делови од телото

Градите, стомакот, интимните места се делови од телото кои личноста ги покрива кога се чувствува загрижено.

Таквиот потег се објаснува со тоа што кога личноста лаже, телото е под стрес, доаѓа до згрчување на абдоминалните мускули, па може дури и до болка.

Прави чудни потези

Ваквото однесување е најзабележително кај девојките кои си ја поправаат косата, па бришат непостоечки делови козметика од аглите на очите или ја вртат косата низ прстите.

На овој начин се трудат да постигнат мир и да го оттргнат умот од надворешната опасност.

Се врти малку на страна од соговорникот

Кога зборуваме со некој, дури и во миговите кога не го гледаме директно во лице, телото ни е насочено кон него. Ова е знак за отворена комуникација.

Но, ако личноста го врти телото малку на страна, можеби несвесно сака да се тргне од видното поле на соговорникот поради некомфорност.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Животот ти е као трофазна струја…

28 Забавни илустрации во кои ќе се препознаат сите високи девојки