во , ,

Перо се разбудил со жестока главоболка по Божиќната прослава во својата фирма…

Перо се разбудил со жестока главоболка по Божиќната прослава во својата фирма. Во главно не пиел, но таа вечер малку се подзаборавил па дури…

…и не се сеќавал како стигнал дома.

Размислил што се можел да направи во таа состојба во која се наоѓал. Отворил очи и прво што здогледал до себе – неколку аспирини и чаша вода. А, покрај нив – црвена ружа.

Станал, и што да види. Облеката спремна, чиста и испеглана. Гледал низ собата и се било во совршен ред.

Го зел аспиринот и се извадил од памет кога на огледалото во купатилото забележал голема модрица под едното око.

Меѓутоа, забележал и порака на аголот од огледалото напишана со црвен кармин и отпечаток од усните на жена си на огледалото.

Душо, доручекот е во рерната, излегов порано за да купам намирници за да ти ја зготвам омилената вечера. Те сакам драги!

Отишол во кујната – и што да види! Доручекот спремен, топло кафе и дневен весник. Син му си појадувал на масата.

Го прашал синот: “Сине, што се случи синоќа?

Синот одговорил: “Па, се врати дома околу 3 часот по полноќ, пијан и избезумен. Падна преку масата и ја искрши, после повраќаше во ходникот и кога удри во вратата си ја доби модрицата“.

Збунето прашува пак: “Како тоа да е се во најдобар ред сине? Ружа, доручек, кафе…?

А, тоааа! Па мама те одвлече во спалната соба и кога пробала да те соблече, ти си рекол “Остави ме жено, оженет сум!

Наравоучение:

  • Скршена маса – 6.000 денари
  • Топол доручек – 200 денари
  • Два аспирина – 50 денари
  • Изговорена вистинска работа во вистинско време – НЕПРОЦЕНЛИВО!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 Неуспешни панорамски слики од животни што се толку лоши, што всушност се добри

20 Познати личности кои што ги промениле своите вистински имиња