во , ,

19 тетоважи што на тату артистите им е смачено да ги прават

Неодамна, еден корисник на Редит го поставил прашањето: „Тату артисти, кои се делата што веќе ви е смачено да ги правите?“

Во продолжение можете да ги погледнете нивните одговори:

Реклама

„Главниот артист во мојата работилница навистина ги мрази големите мачки (особено лавовите) што носат круна. Во околу еден месец, тој направи 5 реалистични лавови со круна на момци што сакаа да се чувствуваат како кралеви. Почнав учтиво да ги одбивам кога луѓето прашуваат за нив.“

Сидро, најчесто со зборовите „Не тони“

„И кога ќе ги прашам што значи, секогаш ми одговараат ‘Симболизира дека ништо не може да ме држи долу.’“

Шуми околу рацете на луѓето

„Мојот тату артист ми кажа дека повеќе не тетовира шуми околу рацете луѓето.“

Тетоважи со хемија

„Имам неколку тетоважи со хемија и мојот артист прокоментира за девојки што си тетовираат допамин, серотонин и окситоцин заедно со зборот ‘Среќа’. Изгледа дека сум претерала.“

Целата библија

„Воопшто не сум религиозен, но мислам дека досега ја имам истетовирано целата библија.“

Палми

„Мојата локална работилница на Карибите брои колку пати тетовираат палми на глуждовите на девојки.“

Џебни часовници опкружени со рози

Баркодови

„Мојот пријател толку се измори од тетовирање баркодови на врат, што направи игра и користи смешни продукти за референци. Па ако муштеријата ја скенира тетоважата, ќе види дека баркодот е за продукти за хигиена, пире и слично.“

Координати

Контурите на Пајкс Пик

„Отидов кај еден тату артист во Колорадо. Ме праша што сакам да тетовирам и кога му реков контури, ми се извини и ми рече дека ако треба уште еднаш да ги тетовира контурите на Пајкс Пик ќе полуди.“

Мандали и силуети на дрва

„Не знам, но 20 години од денес ќе има многу стари луѓе со мандали и силуети на дрва како тетоважи.“

Мустаќи на внатрешноста на показалецот

„Имам видено толку многу луѓе што тетовираат мустаќи на показалецот.“

Две букви М на задникот

„Мојот тату артист ми кажа дека повеќе не тетовирал М на задниот. Шегата е што кога ќе се наведнете, ќе пишува MOM (мама). Оваа шега е веќе застарена.“

Астролошки знаци

Тетоважи на лицето на 18-годишници

„Немам против тетоважите на лицето. Проблемот што сакаат да ги прават 18-годишници бидејќи сакаат одреден изглед. Поп културата ги направи поприфатливи отколку што навистина се. На крајот од денот, во повеќето кариери ќе се соочат со невработеност.“

Октоподи

„Навистина ми е преку глава од тетоважите со октоподи. Сите кои имаат по една мисла дека се уникатни и не сфаќаат дека ова е навистина популарна тетоважа.“

Буквално зборовите „твоето име“ на нечиј задник.

Симболот на реликвиите на смртта

„Мојот пријател кој е тату артист има изјавено дека го тетовирал симболот од Хари Потер 15 пати во неговата кариера.“

И за крај, знакот за бесконечност

„Го завршував последниот муштерија кога некој се јави во студиото. Секретарката го праша артистот дали има време за уште една тетоважа денес. Праша што е, и кога секретарката му кажа дека е знакот за бесконечност, тој рече дека му е преку глава од знакот за бесконечност и дека не може да го тетовира. Можам да кажам дека на мојот артист му е смачено од знаци за бесконечност“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Смешни илустрации кои ко прикажуваат тајниот живот на храната и пијалаците

15 Работи кои ги има секоја жена во светот, без исклучок