во

ЗАВРШНИ ЧЕКОРИ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО: По распитот на вештаците за трагедијата во „Пулс“, одбраната почнува со изведување свои докази

Судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, една од најтешките трагедии во поновата историја на државата во која животот го загубија 63 лица, продолжува денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје.

Вкрстено испрашување на градежните вештаци

Случајот во моментов се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување на тимот градежни вештаци кои го изработиле градежното вештачење на Обвинителството. На минатото рочиште, одбраната на обвинетите упати серија прашања кон експертите од Градежниот факултет при УКИМ, професорот Горан Марковски и професорката Душица Анѓелковиќ, кои главно се однесуваа на урбанистичкиот статус на опожарениот објект.

„Со распитот на тимот вештаци се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството, по што одбраната треба да почне со изведување на своите докази.“

Трагедија што ја зави Македонија во црно

Супер Попуст -25%

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека сериозноста и обемноста на предметот ја отсликува и фактот што обвинението го застапува тим од дури 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група ДНК. Во огнената стихија трагично загинаа 63 лица, а над 200 посетители беа повредени, оставајќи трајна лузна во колективната меморија на нацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ-ИНЖЕНЕРИ БЛЕСНАА: MES Racing го претстави новиот тркачки болид на Машинскиот факултет

ЦУК СО НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Активен пожар во македонскибродско Белица, 10 други жаришта се изгаснати