во

ЗДРАВСТВЕН АЛАРМ ВО ЕВРОПА: Вирусот Западен Нил рапидно се шири, заразата стигна и во Македонија!

Европа е исправена пред сериозна здравствена закана. Повеќе од 10 европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, од почетокот на годината пријавија локално пренесени случаи на опасниот вирус Западен Нил, што претставува алармантен пораст во споредба со минатата година.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) ги објави најновите загрижувачки податоци. Покрај Македонија, случаи на зараза се регистрирани во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Романија и Србија. Статистиката покажува дека вирусот се шири неконтролирано, зафаќајќи вкупно 99 европски региони, при што во 21 регион инфекцијата е регистрирана за првпат.

Италија и Грција најсилно погодени

Супер Попуст -25%

Бројките укажуваат дека медитеранските земји се најранливи на оваа зараза. Според податоците на ECDC, убедливо најмногу случаи се регистрирани во Италија – дури 311, по што следува Грција со 157 потврдени инфекции. За споредба, во истиот период минатата година, инфекции биле пријавени во само девет европски земји и вкупно 67 региони.

„Агенцијата повика Европа итно да ги зајакне капацитетите за контрола на комарците, со прекугранична соработка и интегриран пристап кој вклучува следење на нивната популација.“

Нема лек ниту вакцина, последиците можат да бидат фатални

Повеќето инфекции со вирусот Западен Нил се појавуваат во текот на сезоната на комарци, со врв на преносот меѓу јули и септември. Иако голем дел од инфекциите поминуваат без симптоми, во тешки случаи вирусот може преку крвотокот да стигне до мозокот и да предизвика менингитис опасен по живот, а пациентите можат да паднат и во кома. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека во моментов не постојат одобрени вакцини ниту специфичен медицински третман за луѓето заразени со овој вирус.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПЕКОЛНА НОЌ КАЈ ЦЕРОВО: Тетовските пожарникари во тешка битка со огнената стихија!

ТРГОВСКА ВОЈНА НА ВИДИК: Преговорите пропаднаа, САД воведуваат 50% царина за Канада!