
Кремљ официјално потврди дека се подготвуваат нови контакти со САД, откако американскиот медиум „Политико“ објави дека е можна средба меѓу двете делегации во Мајами претстојниот викенд.
Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека целта на овие разговори е Русија да добие информации за резултатите од преговорите што Вашингтон претходно ги водел со Киев и европските партнери. Според најавите, во руската делегација се очекува да биде и Кирил Дмитриев, претставникот на Путин за инвестиции.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Овие дипломатски чекори се случуваат во атмосфера на засилени закани од Владимир Путин. Рускиот претседател вчера предупреди дека Русија ќе продолжи да освојува територии со сила доколку Украина и европските политичари (кои погрдно ги нарече **„млади прасиња“**) не се согласат со американските предлози за мирно решавање на конфликтот.


