
Премиерот Христијан Мицкоски од Форумот на повратници упати силна порака до македонската дијаспора, повикувајќи ги иселениците да се вратат и своето знаење стекнато во странство да го вложат во татковината. Користејќи ја народната мудрост „каменот најмногу тежи на своето место“, тој истакна дека колку и да е човек успешен надвор, секогаш ќе биде дојденец, додека дома е свој на своето. Мицкоски сподели и охрабрувачки податок од МВР: годинава има најмалку баратели за отпис на државјанство, а најмногу за негово враќање во последните 25 години.
Успешни приказни: Од САД и Швајцарија назад во Охрид и Скудриње
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
На форумот беа споделени инспиративни животни приказни на повратници кои изградиле успех дома. Ана Дуковска се вратила од САД во Охрид и сега работи за американска фирма, а троши во Македонија. Ракип Рамаданоски, по децении во Италија, се вратил во Скудриње и основал градежна компанија со 84 вработени, додека Исмаил Ковачи, повратник од Швајцарија, успешно произведува столарија и ја извезува назад на швајцарскиот пазар. Владата вети дека ќе продолжи да создава услови за економски раст и поддршка за сите што сакаат да се вратат.


