
Според премиерот, граѓаните денес не сакаат да живеат во минатото, туку бараат конкретни резултати за подобар живот. Денешните генерации очекуваат функционални институции, еднаквост пред законите и силен економски развој кој ќе ги задржи младите да ја градат иднината дома. Мицкоски нагласува дека токму овие приоритети мора да нè обединат, без разлика на нашата етничка, верска или политичка припадност.
Трудот и чесноста да бидат над потеклото
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Време е политиката конечно да престане да се занимава со она што нè разделува и да се фокусира на заедничката изградба. Државата мора да стане место каде вредноста на човекот ќе се мери исклучиво според неговото знаење, чесност и реален придонес кон заедницата. Напредувањето во институциите треба да зависи единствено од способноста и постигнатите резултати, а системот вистински да му служи на секој еден граѓанин.
„Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме. Таа иднина мора да биде ослободена од етнички тензии и политички манипулации кои со години се користеа како замена за резултати.“
Одговорноста на оваа генерација е да создаде сигурна и стабилна држава. Во неа, секој мора да се чувствува почитуван и еднаков пред лицето на правдата. Само преку напорна работа, меѓусебна почит и силни институции може да им оставиме на идните генерации поуспешна и поправедна Македонија од онаа што ја наследивме.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден







