
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до сабота престојува во официјална посета на Литванија, на покана на неговиот колега Кештутис Будрис.
Ова е прва посета на Муцунски на Вилнус, која се реализира во значаен момент – годината кога двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Фокусот на разговорите ќе биде ставен на билатералните односи, македонската евроинтеграција и клучните регионални прашања.
Лов на инвестиции и поддршка за ЕУ
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Агендата на министерот е исполнета со средби во литванскиот Парламент, каде ќе разговара со членовите на комисиите за надворешни работи и ЕУ прашања. Посебен акцент ќе биде ставен на економијата – Муцунски ќе ги претстави потенцијалите на земјава пред Конфедерацијата на индустријалци и ќе оствари средба со министерот за економија, Едвинас Грикшас. Предвидена е и средба со македонските иселеници кои живеат во Литванија.


