
Соработка со општина Есенлер и турска поддршка
Како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи, новиот проект произлегува од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и турската општина Есенлер. Свеченото пуштање во употреба се одржа во присуство на високи гости, меѓу кои беа градоначалникот на Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу, и амбасадорот на Турција во земјава, Алпер Акташ.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Камениот мост беше привремено затворен за пешаци уште од средината на септември поради темелни санирања, поправки и инсталирање на напредните светлечки тела кои ја нагласуваат архитектонската убавина и историските сводови на објектот.
Осветлени и мостот „Око“ и преминот кај МНТ
Покрај Камениот мост, со новиот проект беа опфатени и другите два моста кои долг период немаа функционално осветлување. Станува збор за мостот „Око“ и пешачкиот мост што го поврзува Плоштадот Македонија со Македонскиот народен театар (МНТ), локација позната од поранешниот проект „Скопје 2014“.
Со ова се заокружува значајна фаза во уредувањето на центарот на градот, правејќи ги пешачките зони попривлечни и посигурни за граѓаните и туристите во вечерните часови.
„Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Дополнително, осветлени се и другите два моста кои подолг период не беа во функција“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.


