
Променливо облачно време со температури од 6 до 12 степени ќе ја одбележи денешната метео-слика во земјава, со магла по котлините во утринските часови и најава за локални врнежи во текот на ноќта.
Во претпладневниот период, по одделни котлини се очекува појава на магла, што може да ја намали видливоста и да влијае врз сообраќајот. Потоа, во текот на денот ќе преовладува променлива облачност, а во ноќните часови се најавуваат локални врнежи од дожд, додека на планинските подрачја врнежите ќе бидат од снег.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен, а максималните од 6 до 12 степени.
Скопје: Магливо утро, попладне со сончеви периоди
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со магла претпладне и сончеви периоди попладне. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне околу 7 степени.
Какво време следува: Врнежи во недела и пообилно во понеделник
Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Понеделник носи пообилни врнежи, при што на некои повисоки места дождот ќе преминува во снег. Вторник се најавува како период на кратко стабилизирање, но од среда повторно се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







